Си замина една добричина од човек
- Julija Velkovska

- May 30, 2021
- 1 min read
Updated: Jul 18
Почина уште еден член на моето семејство. Чичко ми Борис. Далечината си го прави своето, „дрма“ повремена носталгија за родниот крај, за убави, но и за немили настани како овој. Чувство кога ќе посакаш едноставно да летнеш, некако физички да се пренесеш и барем за миг да бидеш покрај најблиските и да ги изгушкаш, за арно и за лошо.

Ми надоаѓаат убави мисли кога ќе помислам на мојот драг чичко, ми доаѓа да се насмеам, бидејќи главно го паметам токму така, со насмевка. Додека растев живеевме куќа до куќа, честопати имавме семејни ручеци, гозби или ќе викнеше на ладна лубеница. Дете како дете, за нешто ќе се подналутев, и мислам дека само тој знаеше како да ме разведри. Широко насмеан, само ќе кажеше - „ајде чичино, сè ќе биде добро, како што треба“! За жал, многу години поминаа откако последен пат сум го видела. Многу нешта се случија откако се отселив, и во последно време често прашував како е, зашто знаев дека имаше проблеми со здравјето.
Воедно го паметам и како загрижен и намачен, кога не се смееше, му се познаваше тежината на плеќите, се гледаше дека не лесно се справува со некои од предизвиците во животот. Сепак, од некаде длабоко црпеше сила, беше упорен, истраен, со борбен дух, беше работлив и трпелив. Некако и од некаде, на истото лице му извираше надеж за поспокојна иднина и верба дека на крај, сè ќе биде добро, како што треба!
Нека почива во мир!




Comments